Ништо не се прави на полето и ништо не се презема за да се сменат работите во судството. Впрочем она што се лицитираше ветинг, не знам едно друго, операција метла итн. не се спроведе и ништо и од тоа. Требаше да се направи евалуација на работење на секој судија, нагласи Звонко Давидовиќ во „24 анализа“.
Давидовиќ додаде дека требаше да се провери дали одлуките на судиите се носени врзи податоците на доказите.
„Прво, за овие четири години ништо не се сменило во судскиот систем, судот е некредибилен“, призна коалициониот партнер на Зоран Заев, Павле Трајанов во гостувањето за „24 анализа“.
Трајанов додаде дека судскиот систем со промената на власт не се реформира, нема ниту нови судии кои што ќе судат согласно Уставот и законите. Се нема променето ништо битно за жал иако оваа власт ветуваше.
„Главно е дека имаме некредибилен судски систем, дека имаме политички затвореници, дека имаме судски процеси што треба да се повторат за да се дојде до правдата“, појасни Трајанов.