Поранешниот градоначалник на градот Скопје Коце Трајановски птреку статус на Фејсбук пишува дека скопјани денеска добија уште еден проблем.

-Денеска скопјани добија уште еден проблем.Наместо прво да ги решава тесните грла, Петре го прошири пристапниот булевар кон нив, со што ќе се создаде уште поголема гужва на овие раскрсници. Булеварот Никола Карев завршува на старите семафори на раскрсницата со Бул. 8-ми Септември и ул. Качанички пат ( Момин Поток ). Проширувањето на Бул. Никола Карев од касарната до Момин Поток беше секундарно заради големиот сообраќај кој сега ќе се донесе на едно од најтесните сообраќајни точки во Скопје. Предуслов за проширување на овој дел од бул. Никола Карев беше изградбата на кружен тек на Бул. 8-ми Септември и ул. Скупи, односно кај Тојота и Хубо маркет, 4 ленти се до Клучката на две нивоа на Момин Поток т.е на Бул. Никола Карев, Бул. 8-ми Септември и ул. Качанички пат. Но Петре Шилегов си го заврши тоа што му е полесно зошто избори доаѓаат па треба да се пофали со нешто. Сега, за жал, на Скопјани им останува агонијата од зголемениот сообраќаен хаос на овие две раскрсници додека не се заврши овој мегапроект за кој му оставив документација која фаќаше прашина низ градските фиоки, стои во неговиот пост на Фејсбук.