“Заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски имавме работен состанок на терен за автопатот Охрид- Кичево” -објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

“Се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. Силна координација и силна динамика на терен.

Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите.

Ја градиме Македонија”- напиша Николоски.