Славески избран за гувернер

Со 68 гласа „за“ и 16 „против“, Собранието ноќеска го избра Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ за нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Славески ќе ја наследи Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓаше од експертска фела.

Славески на оваа функција доаѓа од функцијата како претседател на Советот на Град Скопје. Во минатото, беше и министер за финансии во Владата на Никола Груевски.

Предлог од претседателката Сиљановска-Давкова

Славески е предлог на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, што дополнително ги засили реакциите од страна на опозицијата, која остро реагираше на партизацијата на централната банка.

– Со ова се руши принципот на независност на една од најзначајните институции во државата – посочија од опозициските редови.

Искусен кандидат со многу знаење

Трајко Славески е искусен економист и активен професор на економскиот факултет во Скопје. Има богата кариера со многу успеси дома и на меѓународно поле.