Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – за лицата кои возат под дејство на алкохол или дроги ќе им биде одземано возилото трајно. Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија, потенцира директорот на УК Токсикологија Андон Чибишев.
„Интензивниот техничко-технолошкиот разој а посебно во делот на сообраќајот не беше пропратен со соодветен критички однос према злоупотребата на алкохолот иако секојдневно сме сведоци на зголемениот број на загубени човечки животи, нарушување на здравјето на луѓето и уништување на материјални добра.
Концентрацијата на алкохолот во крвта битно ги нарушува психо-физичките способности на човекот вклучувајќи ги возачите и нивното однесување во сообраќајот. Многу теоретичари имаат усогласено мислење дека алкохолизираноста е најголемиот виновник за сообраќајните несреќи.
Нарушувањата кои настануваат под дејство на алкохолот може да се поделат во три основни групи:
• нарушувања во структурата на личноста
• нарушувања на перцепцијата и психомоториката и
• нарушувања на функцијата на сетилните органи.
Присуство и на мали количини алкохол во крвта, до 0,5 промили може да има негативно влијание на ефикасноста на возењето дури и кај лица толерантни на алкохол при што почнува да се менува структурата на личноста, расте расположението и еуфоријата.
И при оваа концентрација може да се појават први некоординирани двежења а со тоа и неквалитетно извршување на комплицирани движења, слабее острината на видот, се снижува прагот на слухот, заради што не се забележуваат промените на звукот како во трезна состојба.
Според научни сознанија дури и при концентрација од 0,5 промили два пати е поголема веројатноста за незгода и повреда
При концентрација од 1,5 промили за 16 пати е поголема веројатноста за сообраќајна незгода и смрт.
Употребата на психоактивни дроги го прави небезбедно и незаконско управувањето со моторно возило исто како и управувањето на моторно возило после злоупотреба на алкохол. Возаењето под дејство на опојни дроги ги изложува на ризик не само возачот туку и неговите сопатници и сите останати учесници во сообраќајот.
Ефектите од злоупотреба на специфични лекови се разликуваат во зависност од тоа како делуваат на мозокот иако сите тие го оневозможуваат безбедното управување со моторно возило. Тоа ги вклучува вештините за управување, рамнотежа и координација, перцепцијата, вниманието, времето на реакција и можноста за нормално расудување.
Според податоци од едно истражување направено во САД дури милиони луѓе на возраст над 12 години признале дека возеле автомобил под дејство на дрога. Сообраќајните незгоди се водечка причина за смрт кај младите луѓе на возраст од 16-19 години. Оваа старосна група покрај релативното неискуство во управување со моторното возило често злоупотребува опојни дроги (марихуана, хероин, кокаин ) кои имаат влијание на когнитивните и моторните способности кај возачот и затоа исходот од ваквото возење можат често да бидат трагични.
Друга студија покажала дека 18 % од фатално повредените возачи биле позитивни на опојна дрога ( марихуана, хероин, екстази, кокаин)
Научните истражувања покажале дека после алкохолот најчесто кај возачите кои се тешко или фатално повредени имало присуство на ТХЦ (делта-9-тетрахидроканабинол) која е активна состојка на марихуаната. При тоа е констатирано дека дури 14 % од возачите кои се здобиле со тешки повреди или загинале во сообраќајна незгода биле позитивни на тетрахидроканабинол“.
ЗАТОА, КАЖУВАМ „НЕ“ ЗА УПОТРЕБА НА АЛКОХОЛ И ОПОЈНИ ДРОГИ.
„НЕ“ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО ПОД ДЕЈСТВО Н АЛКОХОЛ И ОПОЈНИ ДРОГИ, потенцира Чибишев во својата објава на фајсбук.