Трамп ги паузираше за 30 дена најавените царини од 25 насто за производи од Мексико и Канада

Американскиот претседател Трамп ги паузираше за 30 дена најавените царини од 25 насто за производи од Мексико и Канада. Двата најголеми трговски партнери на САД презедоа мерки за да ја смират загриженоста за граничната безбедност и криумчарењето дрога.

„Имав одлични разговори со Мексико. Тие се согласија да стават 10.000 војници на нивната страна и да спречат фентанил и нелегални вонземјани да дојдат во нашата земја. Се согласивме да разговараме и да разгледаме разни други работи. Сè уште не сме се договориле за тарифите“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Претходно, имаше разговори меѓу САД и Мексико.

САД и Мексико постигнаа договор: 10.000 мексикански војници на границата, царините привремено стопирани

Преговорите меѓу САД и Мексико ќе ги водат државниот секретар Марко Рубио

Преговорите меѓу САД и Мексико ќе ги водат државниот секретар Марко Рубио, министерот за финансии Скот Бесент, министерот за трговија Хауард Лутник.

„Многу е важно што тарифите се паузирани за да ни се овозможи да работиме, да преговараме, да ја препознаеме важноста на договорот за слободна трговија и во таа рамка да продолжиме да го зајакнуваме нашиот развој“, изјави Клаудија Шејнбаум, претседателка на Мексико.

Трамп се огласи повеќепати на оваа тема. Повеќе може да погледенте од веста во продолжение.

„Имаме дефицит од над 300 милијарди долари“: Трамп размислува да воведе даноци за ЕУ и Велика Британија

Канада внимателна кон Трамп

Во Канада претпазливи, внимателно ги следат изјавите на претседателот Трамп.

„За мене, тоа не е целосна победа. Сè уште мислам дека г-дин Трамп сака да ја нападне Канада. Тој кажа изминатата недела, да не беа Соединетите Држави, Канада немаше да биде остварлива земја. Страшно е да се слушаат такви работи. Затоа, мора да бидеме подготвени на секакви сценарија со овој човек“, изјави Франсоа Лего, премиер на Квебек.

Царините кон Кина од дополнителни десет насто стапуваат во сила

Сепак, царините кон Кина од дополнителни десет насто стапуваат во сила. Пекинг најави дека ќе мора да одговори со тарифи за некои увезени стоки со потекло од САД, почнувајќи од 10 февруари.

„Ние цврсто се противиме на ова неоправдано зголемување и веруваме дека ова е во спротивност со правилата на Светската Трговска Организација. Затоа Кина поднесува жалба. Исто така, свесни сме дека можеби ќе бидеме принудени да преземеме контрамерки. И да нагласам дека во трговска војна нема победник“, изјави Фу Конг, амбасадор на Кина во ООН.

Царини и за ЕУ?

Шефот на Белата Куќа претходно се закани дека ќе воведе царини и за ЕУ.

„Очигледно има нови предизвици и растечки несигурности, така што Европската унија е подготвена за силен, но и конструктивен дијалог со САД“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Од Брисел велат дека единствено Пекинг ќе се смее на трговската војна меѓу ЕУ и САД.