Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повика да се отфрли забраната за изградба на надземна структура за балската сала, во источното крило на Белата куќа, што ја издаде окружниот судија Ричард Леон.

Трамп во објава на платформата Truth Social изјави дека базата за беспилотни летала на покривот на балската сала ќе биде „можеби најсофистицираната“ од која било таква база во светот.

„Таа ќе го заштити главниот град на нашата нација, Вашингтон, долго во иднина. Судијата Ричард Леон треба да престане да си игра со безбедноста на Америка! Ако нешто се случи, тој ќе биде одговорен за смртта и уништувањето предизвикано на нашата земја“, рече Трамп.

Окружниот судија Ричард Леон претходно денеска привремено ја блокираше предложената надземна изградба на балската сала во Белата куќа, а во низа пресуди, судијата утврди дека на администрацијата на Трамп ѝ е потребно формално одобрение од Конгресот за изградба на масивната надземна структура, иако дозволи да продолжат подземните работи.

„Со појавата на високо софистицирано и моќно модерно оружје, повеќе не можеме да го браниме Вашингтон само со пушки и пиштоли. Оваа смешна тужба мора веднаш да се отфрли“, заклучи Трамп.

Извор: Курир