Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини канадската влада дека со својата миграциска политика ја води земјата кон сериозни проблеми. Според него, во Канада влегле милиони луѓе без соодветна контрола и проверка, што, како што тврди, веќе се одразува врз состојбите во земјата.

„Канада се уништува самата себеси со тоа што им дозволува на милиони и милиони луѓе да влезат во земјата, практично без контрола и проверка, кои создаваат проблеми што наскоро ќе бидат преголеми за решавање“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“.

Американскиот претседател додаде дека станува збор за „либерално преземање“ на Канада, кое, според неговото тврдење, „ќе заврши многу лошо“.

Трамп наведе и дека последиците од таквата политика наводно веќе се видливи, посочувајќи ја високата невработеност во Канада.