Републиканскиот милијардер рече дека ќе зборува за претседателските избори одржани во ноември 2020 година во Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида, повторувајќи без основа дека на тие избори му биле украдени гласови.
Трамп ја критикуваше парламентарната комисија задолжена за истрага на нападот на Капитол Хил, сметајќи дека е „екстремно пристрасна“.
Според него, треба да се спроведе истрага за „лажните претседателски избори“ во 2020 година.
– Ќе одржам прес-конференција на 6 јануари во Мар-а-Лаго за да разговараме за тоа, рече Трамп, оценувајќи дека бунтот се случил на 3 ноември, кога се одржаа изборите.
Трамп, кој загуби на изборите во 2020 година со повеќе од седум милиони гласови од демократот Џозеф Бајден, во последните месеци навести дека би можел да се кандидира за уште еден претседателски мандат во 2024 година