За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, Си посочи дека втората и четвртата светска економија треба да го разберат и искористат потенцијалот за раст на услужниот сектор.

Кина е најголемиот трговски партнер на Германија и одделно најважниот пазар за германската автомобилска индустрија.

Кинескиот претседател истакна дека германските компании се добредојдени да ги искористат можностите што ги носи отворањето на Кина, изразувајќи надеж дека Германија за возврат ќе обезбеди фер и праведна деловна средина за кинеските инвеститори.

Шолц, кој ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар на 8 декември, нагласи дека Германија е подготвена да ја зајакне практичната соработка со Кина во доменот на чиста енергија, дигитална економија и услуги, додавајќи дека тој, исто така, се надева оти инвестицискиот договор ЕУ-Кина ќе стапи во сила во најкраток рок.

Европскиот парламент во мај ја запре ратификацијата на овој договор, кој беше постигнат во декември 2020 година по седум години преговори, се додека Пекинг не ги укине санкциите воведени кон политичарите од ЕУ.