Трамп најавува средба со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира што поскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да стави крај на војната во Украина.

„Претседателот Путин кажа дека сака што побрзо да се сретнеме. Затоа, ние ќе го почекаме тоа, бидејќи мора да ја завршиме оваа војна“, изјави Трамп на настанот Turning Point’s AmericaFest.

Во виртуелно обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Трамп истакна:

„Навистина би сакал да имам можност наскоро да се сретнам со Путин за да ја запреме оваа војна. И не само од економска гледна точка, туку и поради милионите изгубени животи“​, пренесе ria.ru.

Русија и Украина – можност за мировни преговори

Путин изјави дека е подготвен за средба со Трамп, но дека засега нема официјален контакт за организирање таков состанок.​

Од друга страна, Киев инсистира на свои услови за преговори, како што е членството во НАТО, што Трамп не го поддржал при неодамнешната средба со Зеленски во Париз​.

Можната средба отвори нови прашања.