Трамп верува дека конфликтот може да заврши до крајот на неговиот мандат

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да постигне договор за прекин на војната во Украина и оцени дека конфликтот би можел да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп беше прашан дали очекува војната во Украина да заврши додека тој е на функција. Тој одговори дека верува оти тоа ќе се случи.

„Мислам дека ќе заврши, да. Дури и мислев дека војната ќе заврши порано. Мислев дека тоа е најлесното прашање за решавање бидејќи добро се сложувам со двајцата лидери (на Русија и Украина). Навистина мислев дека тоа ќе биде мојата најлесна задача“, рече американскиот претседател.

Трамп тврди дека има постојана комуникација со Путин

Трамп изјави дека е во редовен контакт со рускиот претседател и дека смета оти Путин е подготвен да постигне договор за завршување на конфликтот.

Американскиот претседател во периодот од март 2023 до октомври 2024 година повеќе пати тврдеше дека може да ја заврши војната во Украина „во рок од 24 часа“ или веднаш по враќањето во Белата куќа.

Сега тој посочи дека решавањето на конфликтот се покажало посложено отколку што очекувал, но останува уверен дека договор е можен.