Трамп ја истакна потенцијалната економска придобивка од отворањето на критичниот морски премин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле брзо да го овозможат премин низ Ормутскиот теснец, морски пат кој игра клучна улога во глобалниот транспорт на нафта и течен природен гас.
Трамп оцени дека отворањето на теснецот би можело да донесе значителни економски придобивки за Соединетите држави и за светската економија.
„Со малку повеќе време, лесно можеме да го отвориме Ормутскиот теснец, да ја земеме нафтата и да се збогатиме. Тоа би било голема добивка за светот“, напиша тој на платформата Truth Social.
Ограничен превоз и покачени цени на енергенсите
Обично, околу една петтина од светската сурова нафта и течен природен гас се транспортира преку Ормутскиот теснец. Но, по почетокот на војната со Иран на крајот на февруари, превозот низ теснецот е драстично намален.
Во моментот, само неколку бродови дневно минуваат низ теснецот, главно од Иран, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина и Саудиска Арабија. Во текот на март низ теснецот поминале 225 товарни бродови, што е за 93 проценти помалку во споредба со периодот пред војната.
