Американскиот претседател најави скорешен договор со Иран и го потврди падот на воен хеликоптер
Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран се во завршна фаза и дека наскоро би можел да биде постигнат договор за ставање крај на војната во Персискиот Залив.
Трамп преку социјалните мрежи порача дека разговорите напредуваат во позитивна насока.
„Во завршна фаза сме од она што ќе биде многу, многу добар договор“, објави тој.
Според неговите проценки, договорот би можел да биде финализиран во следните два до три дена.
Во објавата, Трамп се осврна и на падот на американски воен хеликоптер во близина на Ормускиот Теснец, наведувајќи дека членовите на екипажот се безбедни.
Претходно, „Њујорк тајмс“ објави дека американски хеликоптер „Апачи“ се урнал во близина на Ормускиот Теснец под засега неразјаснети околности.
