Нико Паз ќе биде најинтересниот фудбалер на пазарот во летото 2027 година. Фудбалерот на Комо игра совршено оваа сезона и покажува дека поседува целосна зрелост за настап во најсилните клубови во светот. Сепак, тој е смирен и засега не размислува премногу за иднината и за нов клуб, трансфер кој се чини неизбежен по завршувањето на актуелната натпреварувачка година.
Реал Мадрид е прв во редот со оглед на тоа што има право да го откупи овој фудбалер за 80 милиони евра во јули 2027 година, но во трката е можно да бидат вклучени и други европски гиганти. Не претставува тајна дека клубот од Мадрид би можел да ја активира откупната клаузула, но крајната одлука не зависи само од нив, туку и од агенцијата што го застапува фудбалерот. Нивните претставници засега не се заинтересирани за камбек во Мадрид, поради што шпанскиот клуб во моментов не е фаворит за неговиот потпис.
Манчестер Јунајтед би можел да биде неговиот прв избор во случај на заминување на капитенот Бруно Фернандеш. Според овие најави, аргентинскиот играч за врска би бил централна фигура околу која би се градел тимот во иднина предводен од менаџерот Маурисио Покетино, иако засега сè останува на ниво на шпекулации пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Аргентинецот бележи извонредна статистика во досегашниот дел од првенството, постигнувајќи шест погодоци и осум асистенции во дресот на Комо на вкупно 16 одиграни натпревари оваа сезона.
