Стратегот во текот на минатата седмица се почувствувал истоштено, се појавиле симптоми, па тој направил тест по кој наодот бил позитивен. Џиџи беше во домашна изолација, но ситуацијата се влошила и тој е префрлен на Инфективната клиника.

За ситуацијата на Илиевски ќе се грижат лекарите и искрено се надеваме дека тренерот ќе излезе како победник во борбата со коронавирусот и повторно ќе застане на кормилото на Вардар.

Во отсуство на Џиџи, Вардар ќе го води еден од замениците, Златко Таневски.