Во Лондон, со задоцнување од 45 минути, започна церемонијата на доделувањето на Златната топка. Според програмата, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот ќе биде доделена во 23.30 часот по македонско време.
Кејт Смит и Тиери Анри се домаќини на доделувањето на наградата Златна топка.
🏆✨ Best Young Talent Award 2026.
1️⃣ Lamine Yamal 🇪🇸
2️⃣ Pau Cubarsi 🇪🇸
3️⃣ Zaïre-Emery 🇫🇷
4️⃣ Lennart Karl 🇩🇪
5️⃣ Yan Diomandé 🇨🇮
6️⃣ Ayyoub Bouaddi 🇲🇦
7️⃣ Kerim Alajbegovic 🇧🇦
8️⃣ Junior Kroupi 🇫🇷
9️⃣ Ibrahim Maza 🇩🇿
🔟 Johan Manzambi 🇨🇭 https://t.co/8isvfrIYxZ— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 26, 2026
Првата награда, за најдобар млад играч ја освои Ламин Јамал, фудбалер на Барселона. Јамал стана шампион на Шпанија со Барселона, а со националниот тим го освои Светското првенство.
Ѕвездата на Барселона ја освои наградата „Копа“ за најдобар млад фудбалер во светот за 2026 година, третпат по ред, со што испиша нова страница во историјата на ова признание.
Шпанскиот репрезентативец претходно беше прогласен за најдобар млад играч во 2024 и 2025 година, а сега успеа да ја одбрани титулата и во третата последователна година.
Андреј Шевченко му ја додели наградата.
„Чест ми е што ја добивам оваа награда. Сакав мојот соиграч Пау Кубарси да ја освои. Ја освојувам трета година по ред. Благодарност до моите соиграчи од клубот и репрезентацијата. Ќе продолжам да работам за да бидам уште подобар“, рече Ламин Јамал по добивањето на наградата.
Колешката на Јамал од Барселона, Вики Лопез ја освои наградата за најдобра млада фудбалерка.
Таа им се заблагодари на своето семејство, соиграчите и на Бога за оваа награда.
Вики Лопез, ја освои оваа награда втора година по ред.
