Сирените за воздушен напад утринава се активирани низ цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Тревога е објавена во регионите Киев, Харков, Житомир, Виниција, Чернихив, Миколаев и Кировохрад.
Виталиј Бунечко, регионалниот гувернер на Житомир, ги повика жителите да останат во засолништа поради „заканата од огромен ракетен напад“.
Градската управа на Киев, исто така, ги повика жителите веднаш да одат во засолништа поради воздушната тревога.
„Во главниот град е прогласена воздушна тревога. Ве молиме веднаш одете во прифатните центри“ се наведува во известувањето објавено на официјалниот киевски канал Телеграм.