Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси.
Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер.
Противпожарната служба на Нешвил на Твитер објави дека има „повеќе повредени“.
Пукањето се случило во училиштето Ковенант.
Противпожарната служба соопшти дека одговориле на „активен агресор“, но не дадоа никакви детали. Други детали за пукањето засега не се достапни.
Во училиштето Ковенант имало околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение и било основано од Презвитеријанската црква во 2001 година, според веб-страницата на училиштето.
An active shooter event has taken place at Covenant School, Covenant Presbyterian Church, on Burton Hills Dr. The shooter was engaged by MNPD and is dead. Student reunification with parents is at Woodmont Baptist Church, 2100 Woodmont Blvd. pic.twitter.com/vO8p9cj3vx
— Metro Nashville PD (@MNPDNashville) March 27, 2023