Мароко прогласи тридневна национална жалост по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од илјада луѓе.
Националните знамиња ќе бидат на половина копје во текот на целиот период, се вели во соопштението на кралската палата.
Околу 1.204 други се повредени, од кои 721 луѓе се во тешка здравствена состојба.
Синоќа во Мароко е регистриран земјотрес со интензитет од 6.8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.