Првата вечер е посветена на изведувачи кои првпат се појавуваат на сцената на „Макфест“, додека втората е замислена како финале.
Денеска фстивалската програма ќе ја отвори, Калина Велковска со изведбата на композицијата „Четири“ .
Според годинешниве правила петте најдобри композиции се пласираат во финалето за следната вечер. Во втората вечер ќе настапат неколкукратнaта победничка на „Макфест“ Александра Јанева, Мартинијан Кириловски, потоа Роберт Билбилов, Ѓоко Таневски, Интервали, Лара, Пепа,Eye Cue и други.
На 17-ти настапуваат „Тумбао салса бенд“, а на 18-ти Александар Митевск и Драган Спасов –Дац, заедно со “Brasstet Skopje”.