Тој вели дека е одлично е што и помагаат на С Македонија.

-Но до што води ова? Во нашата земја нема доволно пожарникари и шумските вработени треба да се справат со пожарите. Вчера, при гаснење на пожарот во селото Петрово, почина шумскиот вработен Антон Грабчев, 34 години, кој денеска требаше да се вери. При гаснењето на огнот таму загина друг шумски вработен – Валери Димитров, 48 години. Остави деца и внуци. Верувам дека бугарската држава мора веднаш да го мобилизира целиот расположлив персонал за да ги изгасне сите активни пожари во нашата земја, посочува Трифонов.

Тој додава дека бугарската Влада треба веднаш да побара помош од Европската унија, бидејќи се покажало дека Бугарија нема авиони за гаснење пожар.

-Се испостави дека имавме само еден хеликоптер за оваа намена, но успеавме да прилагодиме уште два. Односно, имаме три за целата земја. Во оваа ситуација, бугарските пожарникари се вистински херои. Херои се и сите доброволци и шумари кои се борат со силата на огнот. Тие се на терен, гаснат пожари и го ризикуваат животот. Затоа ние, од „Има таков народ“, ќе донираме половина од нашата скромна субвенција од претходниот парламент на Генералната дирекција „Безбедност од пожар и заштита на населението“ за дополнителни бонуси за сите бугарски пожарникари, доброволци и шумски службеници вклучени во гаснењето на пожарите. Ова е 68 илјади лева. Останатите 68.000 лева од нашата државна субвенција ќе ги донираме на семејствата на починатите Антон и Валери. Парите не можат да бидат утеха за тагата на нивните семејства, но можат да бидат наше признание за жртвата и херојството на Антон и Валери.
Овие пари треба да одат за нешто добро, и ова е најдобро во моментов, завршува лидерот на Има таков народ.