– Вакво понудено законско решение ни на сон не треба да помине, затоа што ова со сите аномалии и скриени елементи коишто ги има, значи класична распродажба на земјоделското земјиште. Овој Закон нема да има ниту економски бенефит за државата меѓута и од безбедносен карактер е исто така знак рашање. Во законот има многу скриени елементи кои ќе значат дека владата на СДСМ се водела само од бизнис интереси, вели Трипуновски.

Според него не е во прашање заштита на земјоделското земјиште, како што е наведено во членот 2 од Законот дека ќе се заштитува земјиштето ниту дека ќе има рационално користење на земјоделското земјиште.

– Главна водилка во креирањето на овој Закон, вели тој, бил бизнис интересот.

Замислете, најдоброто земјоделско земјиште, со тригодишна програма, кадешто ќе бидат предвидени 50 илјади хектари продажба на земјоделско земјиште. Има одредба во законот каде што владата, односно министерот ќе може да склучи продажба во 4 очи, на некој т.н. стратешки инвеститор, може да биде било кој моќник од светот, да понуди некаков „стратешки“ бизнис план за инвестирање, да го купи најоброто земјиште и да го добие правото на сопственост. Во еден од членовите на овој Закон тој инвеститор после 10 години ќе може да го пренамени во урбанистичко – да си направи сопствен град на тоа земјделско земјиште, да го препродаде, да има десетици пати зголемен бенефит. Може да ги искористува сите минерални суровини, појасни Трипуновски.

Тој посочи дека водилка е бизнис моментот.

– 50 илјади најквалитетно земјиште ќе дојдат сомнителни инвеститори со црни ташни во Република Македонија ќе го купат ова земјиште и после 10 години ќе прават што сакаат со него. А ние и нашите земјделци кои сега ги манипулираат и велат дека ова е Закон за нив, ќе ја распродаде Република Македонија. Тоа е суштината на владеењето на СДСМ, кога СДСМ е на власт се распродаваат државните и национални интереси, го продаде името, идентитетот, сега остана земјиштето, посочи Трипуновски.