Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство вечерва гостуваше во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија.
Цветан Трипуновски се надоврза на вчерашното гостување во истата телевизија во делот со пуштање во употреба на браната Конско во општина Гевгелија и на прашањето од водителот Иван колку е важен овој капацитет за земјоделството во овој регион Трипуновски одговори дека оваа акумулација е од круцијално значење за водоснабдувањето на земјоделските површини од овој регион.
Од истово студио вчера министерот Николовски си го препиша целиот проект на Владата како заслуга дека тоа е нивна инвестиција меѓутоа во име на вистината јас би сакал таксативно да ги појаснам работите за што во суштина станува збор. Таа инвестиција, односно тој проект е замисла на ВМРО-ДПМНЕ и целата проектна документација која што е почната уште во 2012 година практично е почеток на реализација на овој голем капитален проект. Договорот за изведување на работите е потпишан во 2015 година, што значи дека е одбрано веќе компанија која што ќе го работи проектот, надзор на изведбата избран Градежниот институт на Република Македонија со потпишан официјален договор и нормално одобрението за градење е дадено во 2017 година потпишано од тогашниот министер за транспорт и врски г-динот Владо Мисајловски, изјави Трипуновски.
Трипуновски додаде дека замислата и целата креација на овој битен проект за Република Македонија и водостопанството е целосно на ВМРО-ДПМНЕ.
Мора да потенцираме дека првата фаза доцни три години и жалам што министерот тоа вчера не го потенцираше во ова студио. За овие три години Република Македонија ќе треба да плаќа пенали за неискористени средства по однос на втората фаза, ќе беше добро да министерот вчера одговори зошто се доцни со втората фаза? Првата фаза која што е изградена, слободно можам да кажам дека не е сто проценти изградена затоа што во моментот на експропријација на земјиштето кое што е во делот на акумулацијата која што треба да се полни со вода, не може да се наполни со вода затоа што овој дел не е завршен, односно имаме обврски кон приватни сопственици површини од делот на акумулацијата, се надоврза Трупуновски.
-Втората фаза која што практично значи ставање во функција и дисперзија на водата од акумулацијата до земјоделските површини допрва почнува. Тој проект доцни цели три години. Зошто? Тоа требаше да кажат некои од министерството, но меѓутоа нечесно е да излезете на медиум, да кажете изградивме брана, решен е проблемот, 8000 ха ќе се наводнуваат итн инт. Ако пред три години се започнало со изградбата на втората фаза ќе можевме да кажеме дека 2025 година веќе ќе беше во функција ставена и втората фаза, односно ќе стигнеше водата до земјоделските површини, заврши Трипуновски.
Со ова доцнење се пролонгира целата работа и со тоа имаме зголемување на сумата како инвестиција што ќе значи дополнителен финансиски трошок за државата.