Вечерва сум на трибина во Тетово со земјоделците од полошкиот регион во организација на републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на оваа трибина е во една дискусија со земјоделците за апсолвирање на актуелната состојба во земјоделството во Македонија, како еден од носечките столбови и на нашата економија и на државата, вели Цветан Трипуновски, претседател на Републичка комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе зборуваме за идни решенија во земјоделскиот сектор и нормално она кое што најмногу ги засега земјоделците од овој регион.
Практично ние ќе бидеме корективот на моменталната власт, и она што значи подобро утре за сите земјоделци во државата и решавање на сите актуелни проблеми.
Тоа е и целта на оваа трибина и оваа комуникација ќе продолжи и во следниот период, која што ќе значи влевање надеж на земјоделците ширум Македонија, кои што во овој момент слободно можам да кажам ги живеат најцрните денови од постоењето на нашата држава, пишува Трипуновски на Фејсбук.