Посочува дека и не само што не се исплатени субвенциите за минатата 2020-та година, за кои краен рок за исплата беше 30 јуни оваа година, туку доцнат и субвенциите за 2017, 2018 и 2019 година. Владата има натрупани обврски кон земјоделците, затоа што изминативе години парите од буџетот имаа други приоритети.

-Со новите даноци кои оваа власт ги воведе најсилно се погодени земјоделците во Република Македонија. Само заради Зоран Заев при секое точење гориво земјоделецот плаќа 10 денари повеќе отколку претходно, а со новата зелена такса тоа ќе бидат 14 денари. Овие 10 денари по литар гориво за земјоделецот се преголеми пари, и токму во тие пари се нивниот одземен профит, нивната живеачка. И кога им одзема се, Заев сега сака да им ја земе и земјата. Со новиот закон за продажба на земјоделско земјиште, Заев ќе ја земе земјата од рацете на индивидуалните земјоделци и ќе ја даде во рацете на грст моќници. Заев со овој закон сака да поаргати повеќе од 100.000 граѓани ширум Република Македонија. Ситуацијата е очајна, а главниот виновник за тоа е Зоран Заев. Вети и излажа загарантиран откуп и високи откупни цени. Ниту загарантиран откуп има, ниту загарантирани откупни цени, ниту инвестиции, ниту модернизација во земјоделството. Само солзи, чемер и јад, нагласува Трипуновски.

Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ сочувствува со земјоделците, и ги поддржува нивните барања за исплата на заостанати субвенции и мерки, повлекување на законот за зелена такса, повлекување на законот за продажба на земјоделското земјиште и воведување на заштитни цени за сите земјоделски производи.

Доколку власта и понатака остане глува и на овие барања. ВМРО-ДПМНЕ ги уверува земјоделците дека по доаѓањето на власт ќе ги исплати сите заостанати обврски на име субвенции и мерки, ќе ја укине зелената такса доколку власта успее сега да ја протурка, ќе изврши ревизија на сите штетни закони и ќе се избори за сигурен пласман на земјоделските производи, едноставно како и во минатото и сега ќе останеме сигурен партнер на земјоделците.

Не се сите исти. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!