Тропската бура Ерин носи обилни дождови и ветрови до 220 км/ч во северниот дел на Карибите
Тропската бура Ерин значително се засили денес и прерасна во ураган од категорија 5, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Ураганот донесе обилни дождови и силни ветрови на повеќе острови во Карипското Море, со максимални ветрови до 220 километри на час.
Според Националниот центар за урагани во Мајами, ураганот Ерин претрпе структурни промени, но останува моќен и силно го погодува Порторико и Девствените Острови.
Метеоролозите предупредуваат дека ураганот Ерин продолжува да се засилува, а жителите на погодените региони се повикуваат да бидат подготвени за евентуални нови непогоди.