Цело Скопје попладнево е под чад, а од Центарот за управување со кризи информираат дека зачаденоста доаѓа од активниот пожар во реонот на Китка, на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково.

Според ЦУК, ветерот го носи чадот кон главниот град, поради што во повеќе делови од Скопје се чувствува и се забележува значително присуство на чад.

На пожарот кај Китка досега дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

.

-До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, соопшти ЦУК.