Бомба утрово експлодираше пред куќата на Здравко Чолиќ, а според неофицијални информации, куќата на пејачот по грешка станала цел на нападот.
Наводно, вистинската цел на бомбардирањето бил неговиот поранешен менаџер Адис Гојак, кој живее во куќата до Чолиќ.
Гојак моментално го застапува Горан Бреговиќ.
Според информациите од местото на настанот, Здравко Чолиќ бил во куќата со сопругата и помладата ќерка во времето на експлозијата. За среќа, никој од членовите на домаќинството не е повреден.
Според информациите, Гојак во минатото беше тема на јавноста поради инцидент од пред неколку години кога наводно им се заканувал на соседите.
Како што тогаш пишуваше српска Република, Гојак извадил пиштол кон своите први соседи откако се разбеснил поради бучавата.
