Центарот за управување со кризи информира дека до 12:00 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати
Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:00 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, активни се шест, еден е под контрола, а три се изгаснати.
Активни се пожарите во „Јасен“, каде гори мешана шума. Во Општина Долнени, помеѓу селата Лажани и Кошино, каде е зафатена ниска вегетација. Како и во Општина Лозово, село Бекирлија, каде гори смрека.
Во Општина Куманово, серло Романовце, зафатена е ниска вегетација и стрниште. Во Општина Липково, кај село Слупчане, се зафатени ниска вегетација и борова шума. Исто така, кај село Лојане, кон село Миратовце, горат ниска вегетација и стрниште.
Под контрола е пожарот во Општина Јегуновце, помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје, кој зафатил пасишта и мешана шума.
Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Штип, на улицата „Вељко Влаховиќ“ бр. 1 (ниска вегетација), во Општина Бутел, село Лубанци (ниска вегетација), како и во Општина Куманово, село Табановце и село Лојане, место викано „Сланишта“ (ниска вегетација и стрниште).