Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе го предводи државниот врв на церемонија во комплексот Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерната Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара.
Денот на победата во Турција се одбележува во спомен на битката по која беше прогласена модерна Република Турција.
Предводени од војсководачот и основач на модерната Република Турција Мустафа Кемал Ататурк турските сили на денешен ден пред 99 години, остварија голема победа во битката кај Думлупинар, последната битка во војната за независност на Турција, која се водеше од 1919 до 1922 година, наведува Анадолија.