Властите во Турција го предупредија населението за можна појава на цунами предизвикано од земјотресот во Грција, што, како што се прогнозира, може да го зафати целиот регион.

Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес на Крит, чија јачина од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар беше проценета на 6,2 степени.

Земјотресот оштети стари згради, цркви и патишта во неколку критски општини во близина на епицентарот, јужно од градот Хераклион, додека училиштата беа евакуирани.