Турците во саботата, првиот ден од новата 2022 година, беа шокирани од цената на електричната енергија и природниот гас, а нивниот револт ги окупираше социјалните мрежи.

Вестите за поголемите цени на енергијата и на горивата, мостарините и автомобилското осигурување беа објавени кусо пред полноќ во петокот.

Цените на струјата за домаќинствата во 2022 година пораснаа за 50 отсто, а за индустријата дури 125 отсто, објави турската Регулаторна агенција за енергетскиот пазар, со објаснување дека пораснале цените на енергиајта на светскиот пазар.

Цената на природниот гас скокна за 25 отсто за домаќинствата и 50 отсто за индистријата, објави националниот диструбутер BOTAS.

Од друга страна, куповната моќ на турските потрошувачи е во голем пад поради инфлацијата којашто порасна за повеќе од 21 отсто и од падот на националната валута лирата по низата кастрења на каматните стапки.

Во Истанбул малопродажните цени во декември пораснале за речиси 35 отсто во однос на една година претходно и најмногу последните неколку години, објави Истанбулската трговска компора.

Се проценива дека новите поскапувања дополнително ќе ја зголеми инфлацијата. Турската лира минатата 2021 година ослабе за речиси 45 отсто во однос на американскиот долар.

Поскапувањетата ги критикуваше во саботата и опозицијата.

„Ердоган… ги присилуваш луѓето да ги проголтаат големите поскапувања на почетокот од новата година“, коментираше на Twitter челникот на главната опозициска Републиканската народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу.