Како што соопштуваат надлежните, утврдено е дека станува збор за хомофобичен напад. Напаѓачите, 19 и 20-годишни момчиња, виделе жена која била во друштво на нејзиниот партнер, помислиле дека и таа е маж, па затоа и ја нападнале.
– Постои основано сомнение дека двајцата обвинети, на 28 февруари 2021 година, околу 14 часот и 10 минути на трамвајската станица на плоштадот „Крал Петар Крешимир IV“, заедно и по договор, од нетрпеливост кон лица со друга сексуална ориентација, верувајќи дека станува збор за двајца мажи, прво вербално, а потоа и физички ги нападнале мажот и жената кои биле заедно. Постои основано сомнение дека обвинетите најпрво извикувале навредливи зборови кон нив, а потоа физички ја нападнале девојката туркајќи ја кон шините на трамвајот, баш во момент кога трамвајот доаѓал. Повредената жена удрила во трамвајот и паднала меѓу трамвајот и шините, по што трамвајот ја влечел по земја и таа се здобила со повеќе телесни повреди, објави Обвинителството.
Иако бил предложен истражен притвор за напаѓачите, судијата одлучил двете момчиња да се бранат од слобода.