Авион „Ер Трактор АТ-802“ се урна вчера во близина на Сењ, во Хрватска, додека се враќал на релацијата Риека – Загреб, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита. Пилотот Хасан Бахар (45) трагично го загубил животот. Тој е истиот пилот кој на 29 август годинава го преживеа падот на противпожарен авион во округот Јатаган во Мугла, северозападна Турција.

Хрватската контрола на летање во 16:53 часот пријавила исчезнување на авионот од радар, а во 17:11 часот била добиена информација за падот и избувнатиот пожар. Спасувачките екипи веднаш биле упатени на терен. Пожарот бил локализиран околу 18:00 часот, по што пожарникарите го пронашле јагленисаното тело на пилотот.