Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска им се извини на жителите на провинцијата Адијаман на југоистокот на земјата, една од најтешко погодените од разорниот земјотрес на 6 февруари, поради доцнењето со пристигнувањето на помошта.

– Поради разорниот ефект од тресењето и лошото време, првите неколку дена во Адијаман не можевме да работиме како што сакавме. Се извинувам за тоа, рече Ердоган.

Турскиот претседател денеска го посети тој дел од земјата, три недели по земјотресот во кој загинаа повеќе од 44.000 луѓе во Турција, а ја погоди и соседна Сирија, каде загинаа најмалку 5000 лица.