ТВ21 стапи во контакт со Петре Шилегов, но тој ниту ја потврди ниту ја демантираше ваквата вест.
Инаку в среда премиерот Зоран Заев својата оставка ќе ја депонира во Собранието, веднаш по годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.
Најдоцна до средината на јануари според најавите од Влада, Македонија треба да добие нова Влада на која најверојатно на чело ќе застане Димитар Ковачевски како премиер.