Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец, информираа од полицијата.
– На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово – Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец, соопштија од МВР.
