Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, вчера кај М.Е. (36) од Битола пронашле хероин.
Лицето е лишено од слобода. Известено е ОЈО Битола и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.