Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 11.30 часот на улицата „Мурат Бафтијари” во Тетово го лишија од слобода 48-годишниот тетовец Г.А..При претрес извршен во неговиот дом и помошни простории со судска наредба, биле пронајдени 13 кеси со марихуана, со вкупна тежина од околу еден килограм и три кесички со остатоци од бела прашкаста материја, информира СВР Тетово.

Г.А. е задржан во полициска станицаи и ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.