Во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае лишен е од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“, информираше МВР.

Како што додаваат оттаму, по преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на мостот „Обединети Нации“ и при обид за бегство е фатено и приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија.