Британската полиција денеска го затвори патот во центарот на Лондон во близина на резиденцијата на премиерот Борис Џонсон и соопшти дека уапсила маж поради предизвикан инцидент.
Полицијата го опколи Вајтхол, во кој се сместени неколку владини оддели, вклучувајќи ги министерствата за финансии, за надворешни работи и за одбрана, а кој води до канцеларијата и резиденцијата на Џонсон на „Даунинг Стрит“.
„Полицијата му помага на Министерството за одбрана по инцидентот рано утринава“, се вели во соопштението на полицијата на Вестминстер на Твитер.
Се додава дека уапсениот (29) е во притвор, како и дека нема извештаи за повредени и познат ризик за јавноста.