На скопскиот аеродром вчера бил уапсен жител на Словачка кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол.
Според информациите на МВР, вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија.
Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
