– Благодарение на соработката на Интерпол Тирана со Интерпол Осло, Норвешка и граничната полиција, уапсена е А.М.(35) жителка на Охрид, Македонија, заради екстрадиција во Норвешка. Службите на граничната полициска станица Тушемиште, на влезот во Република Албанија, при контрола на документите утврдија дека станува збор за лице барано со меѓународна потерница, стои во полициското соопштение.
Се додава дека за охриѓанката била распишана меѓународна потерница поради „семејно насилство и киднапирање“ и оти Интерпол Тирана ја продолжува постапката за нејзина екстрадиција во Норвешка.