Полицијата уапси лице од охридско слео поради упатени закани по животот на британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
Лицето Р.Б. било приведено поради сомнение дека сторило кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Полицијата постапила по пријава од 14 април кога лицето телефонски упатило закани по животот на амбасадорката. Бил најден и приведен, а денеска му била поднесена кривичната пријава.