Досега во Германија се регистрирани повеќе од 369.000 бегалци поради конфликтот во Украина, изјави денеска портпаролот на германското МВР.

Од почетокот на конфликтот во Украина побегнале вкупно 369.381 лице, соопштено е на редовната прес-конференција на германската влада, пренесува Ројтерс.

Портпаролот изјавил дека реалната бројка е веројатно многу поголема, пренесува британската агенција.