Рома славеше убедлива победа со резултат 3:0 против составот на Сасуоло во натпреварот одигран на стадионот „Олимпико“ во Рим, во рамките на 11. коло од италијанската Серија А. Со освојувањето на новите три бода, клубот од главниот град на Италија се искачи на втората позиција на прволигашката табела, веднаш зад градскиот ривал Лацио, кој има одиграно натпревар помалку, исто колку и актуелниот шампион Интер.
Средбата претставуваше рутински триумф за домашниот состав предводен од стратегот Гасперини. Резултатот го отвори Хермосо со прецизен погодок во 27. минута од средбата, додека само три минути подоцна Валукиевич си постигна автогол, со што предноста на домаќините беше удвоена на 2:0.
По неколку нереализирани прилики за погодок на двете страни, конечниот резултат го постави Мора со погодок во 58. минута од натпреварот. Ова беше вкупно осма победа за фудбалерите на Рома од почетокот на сезоната, со што тимот потврди дека има сериозни амбиции во борбата за шампионската титула во италијанското првенство.
