Нашите најдобри ракометарки ја победија селекцијата на Финска со 31:24 на првиот меч на турнирот во Анкара (Турција).
Македонската женска репрезентација во текот на целиот меч ги контролираше настаните на теренот, на пауза се замина со водство од пет голови разлика, а во продолжението исто така продолжи доминацијата на Македонија.
Најдобра и најефикасна во нашиот табор беше Сара Ристовска со 6 голови, Ризоска запиша пет голови.
Следниот меч за нашите ракометарки ќе биде утре од 14.30 часот против Италија, а во недела на турнирот во Анкара противник на нашите ракометарки ќе им биде селекцијата на Турција.
Овој турнир ќе биде последна проверка за избраничките на селекторот Игор Марковиќ во пресрет на ЕП.
