Македонската кошаркарска репрезентација со убедлив триумф ја продолжи втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029. „Црвено-жолтите“ попладнево во Виена ја совладаа Австрија со 91:59.
Избраниците на македонската репрезентација одиграа одличен натпревар и уште од самиот почеток го контролираа резултатот. По првата четвртина Македонија имаше двоцифрено водство од 30:14.
Предноста дополнително беше зголемена до полувремето, по кое македонските кошаркари водеа со 49:30. Во ист ритам продолжија и во третата четвртина, која ја завршија со предност од 65:44.
Во победничкиот состав најдобар учинок имаше Ненад Димитријевиќ. Тој натпреварот го заврши со 15 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Ефремовски беше најефикасен кај Македонија со 17 поени. Мозес Рајт постигна 12 поени и додаде девет скока, со што беше на чекор до дабл-дабл учинок. Мекиќ, исто така, натпреварот го заврши со 12 поени.
Македонија сега ја очекува натпревар на домашен терен. Во рамките на претквалификациската група „Ф“, „црвено-жолтите“ на 26 ноември ќе ја пречекаат селекцијата на Кипар.
Кипарците, исто така, со победа ја започнаа оваа фаза од претквалификациите. Во првиот натпревар тие беа подобри од Австрија.
