Додека во јавноста трае дебата дали учебната година треба да почне со физичко присуство или онлајн, учениците од ОУ Димитар Македонски во населбата Лисиче го немаат тој проблем, објави „Сител“.
Без оглед на официјалната одлука на министерството за образование сите деца да се вратат во училишните клупи, овие ученици, повеќе од 500 на број, сигурно ќе учат од дома.
Причината е тоа што се уште не е завршена реконструкцијата на училиштето која трае веќе 4 години. Училишната клупа со таблет ќе ја заменат и децата од прво до трето одделение.
Од општина Аеродром пак велат дека наставата во училиштето ќе се одвива комбинирано, а одговорноста за тоа зошто училиштето на ден пред стартот на новата учебна година нема услови за настава со физичко присуство , ја префрлија на МОН.
Наставата во ООУ „Димитар Македонски“ ќе почне редовно на 1 септември и тоа во комбинација онлајн и со физичко присуство. Што се однесува до реконструкцијата на објектот, ве информираме дека договорот за изградба на новиот објект е потпишан меѓу изведувачот и инвеститорот, односно Министерството за образование и наука, кои ги имаат сите детали, велат од општината.